Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со попладневната победа во 36.коло од 2:0 против Вулверхемптон се изедначија на табелата од Премиер лигата со Њукасл и сега двете екипи имаат по 66 бодови и се наоѓаат на третото место (Њукасл) односно четвртото место (М.Јунајтед).

На „Олд Трафорд“ Манчестер Ј. резултатот го отвори во 32.минута со голот на Антои Марсијал. Голот за потврдување на победа го постигна Алехандро Грначо во 90+4 минута за конечни 2:0. Инаку, најдобар поединец на дуелот беше гостинскиот голман Даниел Бентли, кој имаше седум одбрани.

За пласман во Лигата на шампионите Манчестер Јунајтед и Њукасл имаат четири бодови од петтиот Ливерпул кој има 62 бода.