Работнички ја има аутсајдерската улога во дуелот со МЗТ Скопје Аеродром во полуфиналето од кошаркарскиот плејофот.

Но, од таборот на “црвените” се надеваат дека ќе ја повторат одличната партија од последниот меч во ,,Јане Сандански” кој “сино-белите” го добија “тесно”.

,,Нè очекува ‘вечното дерби’ во полуфиналето каде што на хартија фаворит е МЗТ Скопје. Но одиме да го дадеме максимумот и без предавање. Знаеме дека во овие натпревари не секогаш победува фаворитот, туку оној кој ќе покаже повеќе желба на теренот и ќе има поголем мотив за победа. Имавме доволно време да се подготвиме за овој натпревар. Се надевам на полни трибини, фер атмосфера, и да го вратиме стариот сјај на вечното дерби на македонската кошарка“, вели капитенот на Работнички, Горјан Марковски.

Ќе успеат ли да направат “брејк” кошаркарите на Работнички останува да видиме во мечот што започнува од 20.15 часот, а ќе се игра вп СЦ ,,Јане Сандански”.