По заслужената победа во полуфиналето над Алкалоид тренерот на Вардар Владо Недановски изјави:
По поразот во првенството направивме добра подготовка за овој дуел. Секако и да се игра во полуфинале беше доволен мотив, но сепак сметам дека желбата оваа екипа оваа сезона да освои еден трофеј ја донесе оваа победа. За финалето проблем може да биде само малиот фонд на играчи.
Вардарци утре ќе имаат ден одмор и ќе се подготвуваат за своето 22.ро финале во кое ќе се борат за 16.тиот пехар во Купот на Македонија.