Вечното ривалство на спортските колективи Вардар и Пелистер секогаш привлекувало огромно внимание. Ова особено важи кога во прашање е фудбалското „Супер дерби“. 

Иако Од МВР забранија гостински навивачи на натпреварот што ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари , сепак од навивачката група на црвено-црните „Комити“ ги повикаа своите ривали навивачите на Пелистер, популарните „Чкембари“ да дојдат на дербито и она што импресионира е гаранцијата на „Комитите“ за безбедност на трибините.