Останаа само четири екипи кои ќе се борат за шампионскиот трофеј во машката кошаркарска Прва лига. 

Плеј-офот стигна до полуфиналната рунда во која секако поголемо внимание ќе привлече вечното дерби на градските ривали и најтрофејни екипи во мак-баскетот, актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром и сега предизвикувачот Работнички. 

Од таборот на аеродромци информираа дека од денеска пуштени се во продажба картите за натпреварот што ќе се игра во сабота во „Јане Сандански“. 

Потсетување дека вториот полуфинален пар го сочинуваат Пелистер и ТФТ Моцарт.