Овогодинешната награда „Лауреус“, која се доделува на најдобриот спортист во 2022 година, му припадна на најдобриот светски фудбалер Лионел Меси.
Аргентинецот ја освои оваа награда по трет пат во кариерата и стана првиот човек кој успеал да ја освои не само индивидуалната, туку и екипната награда , со оглед на тоа што неговата репрезентација Аргентина беше прогласена за најдобра во изминатата година. .
Титулата за најдобра спортистка и припадна на атлетичарката од Јамајка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс, која лани стана прва во историјата со пет златни медали на Светските првенства на 100 метри.
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз (напредок на годината), фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен (враќање на годината), швајцарската атлетичарка Катерин Дебрунер , која е најдобра во конкуренција за лица со попреченост, како и Роберт Левандовски и на екипата на Барселона за фудбалскиот проект за помош на децата бегалци.