Последниот натпревар од 35.коло од Премиер лигата меѓу Нотигем Форест и Саутемптон заврши со 4:3 за поранешниот европски правк Нотингем Форест. Со оваа победа домаќинот на овој дуел и новите три бодови е во мирна зона бидејќи со 33 бодови се наоѓа 16.место, или три повеќе од екипите кои се во зоната за испаѓање, каде е саутемптон последен со 24 бодови и само со теоретски шанси за опстанок во Премиер лигата.

Со двата гола на Таиво Авониџи во 18.та и 21.та минута домашниот тим поведе со 2:0. Карлос Алкараз четири минути подоцна намали на 2:1, но Нотигнем со голот од пенал на Морган Гибс-Вајт во 44.минута повторно донесе + 2 за својот тим (3:1). Гостите пак најавија неизвеснот на почетокот на вториот дел кога мрежата ја затресе Лианко во 51.та минута. На 4:2 зголеми Данило во 73.та минута, а во судиското надополнување на вториот дел (90+6) Џејмс Ворд Праус беше сигурен изведувач на пеналот за гостите за 4:3. Пред постигнувањето на овој гол на домашните им беше поништен гол поради офсајд, по реакцијата на ВАР собата.

На денешните три натпревари од 35.коло од Премиер лигата беа постигнати 21 гол (Фулам – Лестер 5:3; Брајтон – Евертон 1:5; Нотингем Форест – Саутемптон 4:3).