Екипата на Пелистер е последниот патник во полуфиналето на плеј-офот во машкото кошаркарско првенство.
Ова откако вечерва пелистерци пред својата публика во Битола ја добија мајсторката од четвртфиналето против Феникс со 81-56 и со 2:1 во победи ја завршија серијата.
За разлика од првите два натпревари кои беа далеку понеизвесни во третиот гостите од Скопје беа до некаде рамноправен противник во првото полувреме. Во вториот дел, пред се третата четвртина Пелистер ја покажа својата доминација направи разлика до 15 поени, за на крајот да слави со 25 разлика 81-56.
Репрезентативците Стаиќ И Маслинко беа предводници во оваа победа на пелистерци. Стаиќ . Стаиќ средбата ја заври со 19, а Маслинко оствари дабл-дабл со 17 поени и 14 скокови. Двоен ефект на спротивната страна имаше Амар Хот кој на 22 поени додаде 11 скокови.
Така Пелистер се избори за полуфинале во кое за противник ќе ја има екипата на ТФТ Скопје, против која ќе иа има и предноста на домашниот терен.
Во второто полуфинале ќе играат вечните ривали, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром и Работнички кој денеска ја доби мајсторката со Гостивар.