Манчестер Јунајтед загуби на гостински терен од Вест Хем со 0:1 и на „стаклени нозе“ останува четвртопласиран во англиската Премиер лига. Оваа победа беше многу важна за екипата на Вест Хем, која се бори за опстанок.

И покрај поседот на топката и контролата на натпреварот од страна на Манчестер Јунајтед во првото полувреме, екипата на Дејвид Мојс, постигна погодок преку Саид Бенрама во 27-та минута и на паузата замина со водство од 1:0.

Во продолжението „црвените ѓаволи“ со крајни маки се обидуваа да постигнат погодок, но одличната одбрана на Вест Хем не го дозволи тоа. Крајниот резултат, како и во првото полувреме, беше 1:0.

Со овој пораз, екипата на Ерик Тен Хаг се наоѓа на 4-тата позиција на табелата со 63 бодови, еден бод повеќе од Ливерпул и 2 помалку од Њукасл, кој во првиот натпревар од Премиер лигата денеска загуби од Арсенал со 0:2.

Во следното коло Јунајтед на домашен терен ја пречекува екипата на Волвс, додека Вест Хем му гостува на Брентфорд.