Екипата на Аеродром го освои првото место и шампионскиот трофеј, во пионерската лига откако успеа да победи во финалето против Голден Арт со 21:20.

Финалето започна со израмнет резултат до 6.та минута, која Аеродром со серија од 3-0 успеа да поведе на 7:4. Водството ,,аеродромци” успеваа да го одржат до крајот на полувремето и на пауза заминаа со резултат 9:7.

На стартот на второто со серија од 4-0 аеродромци веќе создадоа убава предност, а најголемата ја имаа во 31.та минута кога водеа со 18:9 (+9. Сепак, противникот не се предаваше и успеа да се врати во играта, но на крајот екипата на Аеродром успеа да ја однесе победата со резултат 21:20.

Еурофарм го освои третото место на ,,фајнал-фор“ турнир ја победи екипата на Куманово со 28:17. Иако не успеаја да стигнат до финалето, Еурофарм Пелистер покажа дека имаат многу талентирани и посветени играчи кои ќе продолжат да работат уште посилно во идниот период.

Навивачите и пријателите на екипите беа вистински мотиватори за играчите, навиваа и аплаудираа со секоја одлична акција и успех на своите играчи. Тие успеаа да ја пренесат својата енергија и во играчите, кои знаејќи дека ги имаат на својата страна, играа со уште поголемо возбудување и желба за победа.

Оваа мотивација од страна на публиката, им помогна на играчите да го превземат контролата на мечот и да донесат убедливи победи.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Борјан Благоев со осум погодоци, а кај поразената екипа Гора Дамчевски даде седум гола.

Ивона Кимовска