Екипите на Охрид и на Тиквеш со денешните победи во рамките на дуелите од 12.коло ја продолжуваат борбата за четвртото место на табелата. Охрид пред своите навивачи убедливо го совлада со 28:19 (12:8). Гостите од Скопје единственото водство го имаа на почетокот на дуелот од 1:0, а потоа резултатот уште неколку пати беше изедначен. По 7:7 на крајот на првиот дел охриѓани имаа серија од 5-1 што се покажа и како решавачка за конечната победа. Деан Шешиќ од Охрид со 6 голови беше најефикасниот на натпреварот.

На вториот дуел одигран попладнево Тиквеш оствари победа на гости во Битола против Е.Пелистер 2 со 30:25 (12:17). Тимот од Кавадарци од средината на првиот дел направи резултатска предност, која ја зачува до крајот на дуелот. Најпрецизен беше Никола Стефановиќ од Тиквеш со 9 голови, додека Павле Петровиќ кај домашниот постигна 8.

Тиквеш на две кола пред крајот има 17 бодови и е на четвртото место, додека Охрид е петти со 15 бодови. Во последните две кола Тиквеш игра со Вардар (дома) и гостува кај Е.Пелистер, додека Охрид е домаќин на Е.Пелистер и гостува кај Бутел.