Новиот шампион во Серија А, Наполи на нашиот Ељиф Елмас запиша нова победа на домашен терен против Фиорентина.
Домаќините влегоа растеретени во натпреварот, па во првиот дел гостите беа поквалитетен противник. Лука Јовиќ на два пати сериозно се закани кон голот на Голини, но резултатот остана 0:0.
Шампионот Наполи, влезе многу посериозно во вториот дел, а истото реализираше со пенал во 48-та минута. Сепак Осимен не успеа истиот да го реализира.
Нигериецот шанса за поправен имаше во 74-тата минута, кога Наполи доби втор пенал.
Овој пат Осимен беше прецизен и донесе предност од 1:0.
Гостите најдобрата шанса во вториот дел ја имаа во финишот кога Куаме пропушти чиста прилика за гол.
Ељиф Елмас беше стартер и на теренот помина 84 минути, кога беше заменет од Зербин.
Ова беше прв натпревар на стадионот ,,Диего Армандо Марадона” откако Наполетанците и математички ја осигураа титулата, прва по пауза од 33 години