Екипата на Струга Трим Љум на две кола пред крајот официјално е нов првак на Македонија. Со убедливата победа над Силекс од 3:0, и поразот на Шкендија против Шкупи, тимот од Струга е математички недостижен за противниците.
Ова е голем успех за тим кој е формиран во 2015 година, а по добрата сезона лани и излезот во Европа, сега отидоа чекор подалеку и ја искачија на тронот.За потсетување Струга е и во финалето во Купот на Македонија и ќе има можност да се заќити со двојна титула.
Денеска во Струга, домаќините беа доминантен противник и целосно ги надиграа гостите од Кратово, за на крај сосема заслужено да слават победа со 3:0.
Прв во листата стрелци се запиша најдобриот стрелец на Стуга, Бесарт Ибраими кој го скрши отпорот на противникот во 42- та минута кога излезе пред голот на Силекс и мирно по земја реализираше.
На самиот старт на вториот дел Струга доби пенал кој во гол го претвори Шабани
Токму Шабани беше творец и на третиот погодок, кога во 77-тата минута зголеми на 3:0
Струга ТЉ така како десетти тим им се приклучи на Вардар, Шкупи, Работнички, Шкендија, Силекс, Победа, Македонија ЃП и Ренова кои низ историјата беа шампиони на ПМФЛ.