Во Македонска Каменица, во салата „Кирил и Методиј“ кошаркарките на Баскет Кам 2011 го победија Бадел 1862 (71:38) и поведоа со 1:0 во победи во финалната серија за пехарот државен првак во женската сениорска конкуренција.
Во третото финале по ред кој ќе го одлучува новиот или старо-новиот шампион на Македонија, домашниот состав одлично го започна натпреварот.
Тие ја контролираа играта и резултатот на мечот, поведоа уште на стартот и до крајот на првата четвртина само ја зголемуваа разликата. До крајот на овој период направија и солидна предност кога достигна да биде и двоцифрена.
Кошаркарите предводени од тренерот Златко Гоцевски ја добија првата четвртина со (22:12).
Со слична игра во вториот дел Баскет Кам започна да го крши противникот и резултатот на натпреварот. Баделки немаа начин како да го сопрат својот ривал во Каменица, па во два наврати Стамески мораше да ги смири и одмори своите кошаркарки преку тајм-аут.
Но сепак залудни беа и тие обиди, Баскет Кам само ја зголемуваше предност со одлична игра во одбрана и нападот и до крајот на полувремето направи огромна предност од +19 коша разлика и на семафорот по првите 20.минути стоеше (34:15).
Се чини уморот ги стигна Баделки од дуелите со Струга во полуфиналето, па така не можеа да му парираат на разиграниот Баскет Кам ниту во третиот дел од првата финална средба. Домашните кошаркарки во последните 10.минути влегоа до недостижна предност од (52:25).
Во последната четвртина Баскет Кам само го приведе мечот до крај и му го нанесе можеби најтешкиот пораз на Бадел во нивната историја со победата (71:38) и 1:0 во финалната серија во женската кошаркарска прва лига.
Новиот шампион на Македонија ќе биде екипата која прва ќе стигне до три победи во серијата.
Следниот втор меч од финалето се игра во Скопје на теренот на Бадел 1862, в среда на 10-ти мај.
10.МАЈ: Баскет КАМ 2011 – Бадел 1862
13.МАЈ: Бадел 1862 – Баскет КАМ 2011
17.МАЈ*: Бадел 1862 – Баскет КАМ 2011
20.МАЈ*: Баскет КАМ 2011 – Бадел 1862