Поради тешкиот пад на последната трка од МОТО ГП шампионатот што се возеше во Херез, за ГН на Шпанија, возачот на Априлија, Мигел Оливеира нема да настапи на следната трка во Ле Ман, за ГН на Франција.
Португалскиот мотоциклист заработи повреда на рамото за време на првиот круг во Херез, по инцидентот со возачот на Јамаха, Фабио Квартарара.
Според тимот, Оливеира нема да оди на операција, но ќе биде во аут скоро месец дена каде треба да биде подготвен за трката на патеката Муџело на 11 јуни.
Сезонава Мигел не ја заврши и првата трка што се возеше на домашен негов терен во Португалија, а потоа ја пропушти трката во Аргентина поради повреда.
Во генералниот пласман тој се наоѓа на 14-тото место со 21 поен, а лидер е актуелниот светски шампион Франческо Бањаја на Дукати со 87 бода.
Додека паузира од стазите неговото место ќе го заземе тест-возачот на тимот, Лоренцо Савадори кој ќе настапи на петтата трка во светскиот шампионат.
Трката за Големата награда на Франција, во Ле Ман се вози на 14-ти мај.
Томислав