Поразот од Чаир (72:81), значи и крај на надежите на кумановци за опстанок во друштвото на најдобрите.
Иако до крајот треба да се доиграат уште четири кола во плеј-аут лигата, јасно е дека екипата на Куманово се сели во понизок ранг на натпреварување.
Гостите од Скопје подобро почнаа. Рано се стекнаа со солидно водство, кое по десет минути изнесуваше осум поени (23:15). Нешто подобрата игра во нападот, пред се, ги донесе домашните кошаркари на разлика која може да се стигне, на полувремето беа во минус, но само од пет поени (36:41).
Пресудна за конечниот епилог на овој и тоа како важен меч, особено за кумановските „сино-бели“, беше третата четвртина, која домашните кошаркари ја одиграа лошо. Реализираа само десет поени, доволно за чаирчани да „побегнат“ на високи (60:46), кои знаеја да ги сочуваат во последните десет минути.
Во победничката екипа, која со овој триумф и дефинитивно го потврди прволигашкиот статус, Александровски застана на 22.реализации, Роби имаше 17, а Чучковиќ уште десет. Марјановиќ реализираше 20, Нацевски15, Глигоријевиќ имаше 12, на кои додаде и 17.скока, додека Димитриевски заврши со 11. дадени поени во екипата на Куманово 2009.
Друштво на кумановци во Втората лига, ќе им прави и екипата на Струмица која ќе попладнево загуби од Академија ФМП и остана „закована на последното место„.
ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА 2. КОЛО
КУМАНОВО – ЧАИР 72:81
СТРУМИЦА – АЈАДЕМИЈА ФМП 92:102
ТАБЕЛА
1. ЧАИР 15 бодови (7-1 победи-порази)
2. АКАДЕМИЈА ФМП 13 (6-2)
3. КУМАНОВО 10 (2-6)
4. СТРУМИЦА 9 (1-7)