Во Втората македонска фудбалска лига, денес со почеток од 17 часот ќе се одиграат сите натпревари од 28-мото коло.

Водечката екипа на Воска спорт во градското дерби со Охрид ќе ги бара новите три бодови. Ако се земе во предвид дека овие две екипи играат на ист стадион, тогаш Воска спорт само на хартија ќе биде гостин. Екипата на Охрид пред своите Рибари е секогаш мотивирана за надигрување, особено со градскиот ривал.

Вардар битката ја продолжува на домашен терен против Тетекс. Тетовчани грчевито се борат за опстанок и на секој начин ќе се обидат да дојдат до поволен резултат. Овој натпревар е од големо значење за двете екипи и Вардар ќе биде фаворит само на хартија.

Гостивар го очекува незгодно гостување во Радовиш кај Детонит Плачковица. Оваа сезона радовишани се покажаа како доста тврд орев на домашен терен, а фаворитите тешко доаѓаа до целиот плен. Гостиварчани ќе мораат добро да се испотат доколку сакаат нова победа.

Пелистер во Битола ја дочекува екипата на Локомотива Скопје. Битолчани имаат само математички шанси за третото место ко води во бараж за прва лига. Спортски е да се надеваат и да се борат до самиот крај. Локомотива ќе се обиде да ги изненади пелистерци и да освои значајни бодови за опстанок.

ВТОРА ЛИГА 28.КОЛО (17 часот)
ВАРДАР – ТЕТЕКС
ОХРИД – ВОСКА СПОРТ
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ГОСТИВАР
ПЕЛИСТЕР – ЛОКОМОТИВА СКОПЈЕ
АРСИМИ – СЛОГА ВИНИЦА
БОРЕЦ – БЕСА
КАРАОРМАН – КАМЕНИЦА САСА
КОЖУФ – БЕЛАСИЦА

ТАБЕЛА
1. ВОСКА СПОРТ 68 бодови
2. ГОСТИВАР 64
3. ВАРДАР 62
4. ПЕЛИСТЕР 53 …

Филип Василевски