Никола Јокиќ повторно беше предводник на Денвер „Нагетс” кои го изгубија третиот натпревар од серијата со Феникс „Санс”. Јокиќ како и секогаш беше најефикасен, но историска ноќ беше ова за дуото Девин Букер и Кевин Дурент кои беа предводници на „сонцата” до првата победа во оваа серија со резултат 121:114

Во првата четвртина се почна според очекуваното, поцврста игра и од двете страни, водството се размени неколку пати и Денвер замина со предност од 29:31. Во втората четвртина стапија на сцена Булер и Дурант. Со неколку неверојатни налети донесоа водство за „Санс” од големи +16. На полувреме заминаа со резултат 67:52.

Третата четвртина пак Денвер го надополни сето тоа што Феникс го направи во втората четвртина стигна два пати и до водство, но сепак со водство од 90:88 „Санс” заминаа на пауза. Последната четвртина беше размена на удари меѓу Јокиќ и Портер Џуниор и Букер и Дурент. Феникс на почетокот искористија лоша серија на Денвер каде што неколку минути немаа погодено кош и стигнаа до +11 поени предност, а со тоа после само ја одржуваа до последните моменти.

Никола Јокиќ беше токму оној кој го предводеше Денвер со „трипл-дабл” 30 поени 17 скока 17 асистенции, а Џамал Мареј имаше 32 поени. Кај Феникс историска вечер имаа Букер со 47 поени 6 скока и 7 асистенции и Дурент со 39 поени 9 скока и 8 асистенции. Денвер води со 2-1 во полуфиналната серија на западот. Следниот натпревар се игра во Феникс во вторник во 2 часот.

Андреј Велјаноски