Долги 33-години Неапол чекаше на новата шампионска титула. Наполи ја освои само третата шампионска титула во Серија А, откако првите две Наполитанците ги славеа во далечните 1986/87 и 1989/90.

Освен на гостинскиот терен во Удине, титулата се славеше и на стадионот „Диего Армандо Марадона“, низ улиците, кафулињата, домовите, но и низ црквите на Неапол, кој едноставно „ГОРЕШЕ“…

Видеата и фотографиите во продолжение доволно говорат сами за себе со каква страст и емоции, млади и стари, ја доживуваа и прославуваат шампионската круна.