Манчестер Сити оствари нова победа против Вест Хем со што се врати на првото место во Премиер лигата. Но, таа средба остана во сенка на Ерлинг Холанд.
Фантастичниот Норвежанец, беше стрелец на вториот гол за „граѓаните“ со што уште во својата прва сезона во Премиер лигата го собори рекордот на најмногу постигнати голови во една сезона, а таа сеуште не е завршена.
„Ова е малку нереално, да бидам искрен. Кога дојдов овде не размислував да го соборам овој рекорд. Тоа значи дека сум направил нешто посебно и сум многу горд во овој момент. Би сакал да им се заблагодарам на играчите и на семејството што е со мене“, изјави Халанд по поставувањето ма рекордот.
Меѓу првите му честиташе менаџерот Пеп Гвардиола, кој беше презадоволен од новата победа.
„Секој натпревар е тежок. Не одигравме лошо, создававме шанси. Мора да се признае, не многу. Но, јас сум задоволен. Беа многу трпеливи, бевме малку нервозни во првото полувреме. Но, има три бода и треба да продолжиме вака“, рече Гвардиола.
1. Халанд 35 гола на 31 натпревари – Манчестер Сити 2022/23
2. Енди Кол 34 гола на 40 натпревари – Њукасл 1993/94
3. Ширер 34 гола на 42 натпревари – Блекбурн 1994/95
4. Салах 32 гола на 36 натпревари – Ливерпул 2017/18