Македонската репрезентативка Сања Дабевска се радуваше на шампионска титула со својата екипа ПАОК во грчкото ракометно првенство.

ПАОК славеше со 3:1 во финалната серија со Неа Јонија и успеа да ја освои петтата титула во низа, а севкупно шеста во нивната историја.

На вчерашниот натпревар ПАОК имаше константно водство од самиот почеток, па се до крајот. Натпреварот заврши со убедлива победа од 23-15. Во текот на сите натпревари ПАОК ја покажуваше својата надмоќ, но сепак еднаш беа поразени.

МВП на последниот финален натпревар беше српската голманка Катарина Томашевиќ, додека нашата репрезентативка Дабевска придонесе во победата со два постигнати погодоци.

Дабевска во ПАОК пристигна во јануари оваа година, а една од главните цели и беше токму оваа титула.

После остварувањето на заедничките цели со клубот, очекуваме продолжување на нивната соработка, но се уште е рано да се зборува за тоа.

Филип Василевски