Вечерва нé очекува интересен натпревар меѓу Атлетик Билбао и Реал Бетис во кој двете екипи се борат за пласман во Конференциска лига.
Овој меч е од голема важност за двата тима кои не се во најдобра форма во последните пет натпревари.
Ќе биде тактичка борба помеѓу два генијалци, Ернесто Валверде и Мануел Пелегрини, кои со своите надмудрувања ќе се потрудат да овозможат пласман на нивниот тим на европската сцена.
Атлетик Билбао е фаворит на натпреварот бидејќи ќе игра пред своја публика. Исто така огромна предност има и поради формата во која е Ињаки Вилајмс кој е единствениот играч на „црвено-белите“ кој постигнал гол во последните четири домашни натпревари.
Сепак фудбал е игра каде што не може да се предвиде победникот, затоа вечерва нé очекува интересен меч на „Сан Мамес“ што ќе почне во терминот од 22 часот.