кипите на Бадел и Струга попладнево ќе го играат решавачкиот пети натпревар или популарната „мајсторка“ по која ќе знаеме кој тим ќе биде вториот што ќе игра во финалето на женското кошаркарско првенство на Македонија.
Актуелните шампионки ги добија првите две средни одиграни пред својата публика, а домашниот терен се покажа како клучен и на дуелите во Струга, па резултатот е израмнет 2:2 во победи.
Исходот од денешниот меч меѓу Бадел и Струга го чекаат и кошаркарките на Баскет Кам кои експресно си ја завршија работата во полуфиналето со МЗТ Скопје Аеродром, кое го добија со максимални 3:0 во победи.
Натпреварот меѓу Бадел и Струга што ќе се игра во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода ќе започне од 19 часот, а може да ја гледате ВО ЖИВО ОВДЕ