Екипата на Бостон не само што не дозволи ново изненадување, туку ја демолира Филаделфија во вториот полуфинален натпревар од плеј-офот на Источната конференција.

Иако во гостинскиот тим се врати во игра МВП-то на сезоната Џоел Ембид, кој ја прескокна првата средба во кој Филаделфија победи, сега ниту Камерунецот не им помогна на „76-ките“, за бидат тотално надиграни.

Одличната одбрана беше тајната на успехот на „Селктикси“ во овој дуел во кој го спуптија противникот далеку под неговиот просек на постигнати поени на натпревар.

Џејлен Браун со 25 поени и Малком Брогдон со 26 поени беа најефикасните играчи во победничката екипа.

Тобијас Харис со 16 и Ембид со 15 поени беа најефикасни во поразениот тим за кој Џејмс Харден кој на првиот меч постигна 45, сега беше сопрен на само 12 поени на кои придидаде 10 асистенции.

Следните два натпревари во серијата подобар до четири победи ќе се играат во Филаделфија.