Последниот натпревар од 31.коло од шпанската Ла Лига меѓу Атлетик Билбао и Севиља во „трилер завршница“. Окампос со удар од белата точка во судиското надополнување (90+1) и донесе победа на Севиља од 1:0 во „жешкото“ гостување на „Сан Мамес“.
Во првото полувреме домаќините покажаа подобра игра во однос на противникот. Екипата на Ернесто Валверде уште на стартот на натпреварот постигна два погодоци (во 8-та и 16-та минута), но истите беа поништени поради офсајд по интервенција од ВАР собата. Фудбалерите заминаа на паузата со најнепопуларниот резултат 0:0.
Тактичко надмудрување и цврста игра од страна на двете екипи во вториот дел од натпреварот без посериозни прилики за погодок се до судиското надополнување (90+1).
По катастрофалната грешка на Јерај Алварез, кој направи пенал над Окампос, судијата досуди пенал за гостите. Сигурен од белата точка беше истиот играч со што и донесе важни три бода на својата екипа.
По оваа победа Севиља се искачи на 11-тото место со 41 освоен бод и се движат кон горниот дел на табелата, додека „баскијците“ остануваат на 7-то место со 46 освоени бодови, само 3 бода зад шестопласираниот Бетис.