Тимот на Бостон е четвртиот полуфиналист во плејофот на источната конфедерација во НБА лигата.

Ова откако „Селтикси“ го добија синоќешниот натпревар со Атланта и тоа на гостински терен со 128-120 и со 4:2 во победи ја затворија четвртфиналната серија со „Хоукси“.

Во рамноправен натпревар се до завршните пет минути во кои се влезе со израмнет резултат 113-113, следуваше серија на гостите од 8-0, која се покажа како решавачка, па Бостон на крајот заслужено се радуваше на победата.

Тандемот Браун-Тејтум заедно постигнаа речиси половина од поените на „Селтикси“ вкупно 62 поени, од кои Џејлен Браун 32, а Џејсон Тејтум на 30-те поени додаде и 14 скока и 7 асистенции.

Во полуфиналето Бостон ќе игра против Филаделфија која со 4-0 во победи го елиминира Бруклин.

Серијата подобар до четири победи стартува со два натпревари во Бостон, првиот во вторник наутро.