Френк Лампард ќе си го обработи привремениот договор до крајот на сезоната, иако Челзи се во напредни преговори со Маурицио Покетино.
Тод Боели бара стабилен тренер да го наследни „несреќникот” Грахам Потер кој беше отпуштен по само 31 натпревар на чело на Челзи. Досега, Боели, се покажа како сопственик кој има храброст за да направи доста чекори за неговиот клуб, но неговото непознавање доведе до голем циркус во Челзи.
Лампард по се изгледа нема да се докаже дека е вреден да добие долгорочен договор од Челзи, па изненадувачки избор падна на поранешниот тренер на Тотенхем, Маурицио Покетино.
Аргентинецот е без работа после епизодата во ПСЖ каде што не се прослави баш премногу и „инсајдерите“ велат дека управата на Челзи се во напредни преговори за токму тој да ја преземе „гордоста” на Лондон.
Сепак мора да се напомене дека има сеуште и опции од страна како што де Јулијан Нагелсман скоро избрканиот тренер на Баерн Минхен.
Нагелсман е исто фаворит и во Тотенхем, како што е и Винсент Компани кој прави чуда со Барнли, но фановите на Тотенхем практично „молат” за враќање на Покетино.
По крајот на сезоната ќе се донесат конечни одлуки и во двата клуба, фановите ќе бидат во големо искушение до тогаш.
Андреј Велјановски