На пригодна свеченост во присуство на повеќе од 700 гости и луѓе од сите области животот во Македонија синоќа во хотелот Александар Палас премиерно прикажан документарниот филм „Патот на Кобрата до ѕвездите“ каде е прикажан животниот пат на македонската фудбалска легенда Дарко Панчев.

Филмот е снимен во продукција на Sportnetwork од Белград и Спортклуб од Србија, а како автори на целиот проект се пред се Александар Станковиќ и Радован Максимовиќ. Снимени се преку 200 часа материјал, а има повеќе од 65 соговорници.

Покрај документарниот филм, ќе биде емитувана и серија од шест епизоди во месец септември.

На свеченоста присуствуваа голем број фудбалски имиња од Вардар и Црвена Звезда, пред се соиграчи на Панчев, како Васул Рингов, Кочо Димитровски, Томче Трајановски, Драган Стојковиќ Пикси, Дејан Савичевиќ, Драгиша Биниќ,…