Ракометарките на Металург и Вардар одиграа супер неизвесно дерби кое со гол на пет секунди до крајот на мечот го добија домаќинките. Во натпревар во петтото коло од женската Супер лига во плеј-офот Маталург славеше минимална победа од 20-19.

Натпреварот стартуваше со по еден гол на двете страни и израмнет резултат се играше се до 12 минута. Потоа Вардар направи серија од 2-0, но Металург успеа да се врати па и да поведе со 2 разлика за 8-6, но вардарки се вратија и израмнија. На полувреме екипите заминаа со резултат 10:10 за екипата од Автокоманда.

Домаќинот го отвори второто полувреме со два гола (12:10). Во втората половина Металург повеќето од времето беше во благо водство, а гостинките се обидуваа да стигнат. Во последните 15 минути се играше неизвесна игра гол за гол. Гостите направија неколку грешки, а тоа домаќините го искористија. Во последниот напад, на 5.секунди до крај, со голот на Ивана Арсениевска, Металург стигна до победата со 20-19.

Најдобар стрелци во победничкиот тим беа Ива Младеновска и Ивана Арсениевска со пет погодоци, а кај поразената екипа Сара Стефановска даде шест гола.

Со оваа победа Металург се израмни со Куманово и Вардар со по 19 бодови, трите тима се зад лидерот Ѓорче Петров кој денска славеше над Пелистер, односно Чаир кој утре гостува кај Стружанка.  

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ)  ПЛЕЈ-ОФ 5 КОЛО
САБОТА
МЕТАЛУРГ – ВАРДАР 20-19
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПЕЛИСТЕР 41-29
НЕДЕЛА
16:30 СТРУЖАНКА – ЧАИР
20:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – КУМАНОВО

ТАБЕЛА
1. ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 31
2. ЧАИР 21 (-1)
3. КУМАНОВО 19 (-1)
4. МЕТАЛУРГ 19
5. ВАРДАР 19
6. ПЕЛИСТЕР 7
7. СТРУЖАНКА 4 (-1)
8. ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 3 (-1)

Ивона Кимовска