Ленс го декласира Монако во дербито на колото на француската Лига 1 со убедливи 3-0.

Ленс дека ќе имаат надмоќ покажаа уште на самиот старт на натпреварот кога Опенда во 9-та минута стрелаше за 1-0. Во 16-та минута повторно Опенда зголеми на 2-0.

Томансон постигна гол за 3-0 во 49-та минута од второто полувреме, но голот беше поништен поради офсајд.

Дека токму Томансон ќе го запечати натпреварот се потврди во 56-та минута кога ги постави конечните 3-0.

Ленс со оваа победа над нивниот директен ривал за пласман во Лигата на Шампионите ја потврдуваат  извонредна сезона.

Монако е на 4-та позиција со 61 бод, додека Ленс со 66 бода се на втората позиција пред Марсеј со 64 бода кој има натпревар помалку.

Андреј Велјановски