Прв финалист во овогодинешното издание на ФА купот на Англија е екипата на Манчестер Сити, откако денеска на „Вембли“ со хет-трикот на Ријад Марез го совлада Шефилд Јунајтед со 3:0.
„Граѓаните“ од Манчестер доминираа во првиот дел, но немаа посериозни прилики за погодок се до 43-та минута кога дефанзивецот Даниел Џебисон недозволено стартуваше и судијата покажа на белата точка. Ударот од 11 метри мирно го реализираше Ријад Марез и донесе предност од 1-0, резултат со кој заминаа и на полувреме.
Вториот дел почна во знакот на ”Граѓаните” а особено инспириран беше Марез кој со фантастичниот соло продор во 61-та минута повторно ја затресе продавничката мрежа и донесе предност од 2:0 за избраниците на Пеп Гвардиола. Само четири минути подоцна (65-та минута) кулминираше феноменалната партија на Алжирецот откако повторно се запиша во листата стрелци постигнувајќи хет-трик.
Продолжението од натпреварот беше само рутинска работа за избраниците на Пеп Гвардиола па со 3-0 се пласираа во финалето на ФА купот.
Во финалето на ФА купот кое ќе се одигра на „Вембли“ на 3 јули, Манчестер Сити ќе игра со победникот од утрешниот натпревар меѓу Брајтон и Манчестер Јунајтед.
Марио Петровски