Работнички Скопје беше подобар од Јанта волеј
во првиот натпревар од финалето на женскиот одбојкарски шампионат со 3:0 во сетови.
Мечот беше отворен со изедначена игра се до средината на воведниот сет, кога со две мини серии, актуелните шампионки успеаја да се одлепат и да го добијат со шест разлика 25-19.
Вториот сет гостинките подобро го отворијс. Во неколку наврати имаа и 3 поени предност, но налик на првиот, така и во овој Работнички брзо ја презеде контролата над резултатот и лесно го приведе кон крај со 25-20.
Домашните одбојкарки во третиот со серијата 6-1 поведоа со највисока предност 16-10. Но, тоа како да ги разбуди до тој момент “заспаните” гостинки, па успеаја да се вратат во игра и да израмнат на 18-18. Иако следуваше голема борба за секој поен сепак одбојкарките на Работнички не попуштија со темпото и го добија сетот со 25-21, а со тоа и мечот за водство од 1:0 во победи.
Следниот натпревар во серијата подобар до три победи на програмата е во понеделник од 19 часот.