Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија го впиша вториот триумф на подготвителниот турнир во Анкара. Македонските ракометарки попладнево во дуел од 2. коло ја совладаа Италија.
Иако италијанската селекција го доби првото полувреме со 11:13, сепак македонските ракометари во вториот дел направија комплетен пресврт. Избраничките на селекторот Марковиќ, го свртеа резултатот во своја полза и славеа минимално со 28:27.
Најдобри стрелци во македонската репрезентација беа Јована Кипријановска и Сара Ристовска со по шест погодоци, а по четири пати погодија Емилијана Ризоска и Катерина Дамјаноска.
Потсетување дека вчера на отворањето на турнирот, Македонија остварија убедлива победа со 31:24 над Финска.
Така утре (16.45 часот), македонската репрезентација ќе се бори за првото место на овој турнир и тоа против домаќинот Турција.
Контролните средби во Анкара се последната проверка пред настапот на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи од 3 до 20 декември. Македонија на континенталниот собир ќе игра во групата „Б“ во романскиот град Клуж. Таму за противници ќе ги има Романија, светскиот шампион Норвешка и селекцијата на Швајцарија.



































