Кавадаречки Тиквеш впиша важна победа во трката за титулата во Првата македонска фудбалска лига. Во првото дерби од 14.коло, Тиквеш како гостин го совлада Вардар со 0-3.
Гостите од Кавадарци очигледно знаат како да играат против шампионот, па за неполн месец втор пат беа подобри од вардарци. Иако во Купот го совладаа со 1-3, сепак поради административни грешки кавадарчани беа елиминирани од ова натпреварување. Но се чини дека тоа беше и мотив повеќе во денешното дерби фудбалерите на Тиквеш да потврдат дека во моментов се подобар тим од Вардар.
Тоа со ефектен гол го најави Ренатињо во 16-тата минута за водство на Тиквеш од 0-1. Црвено-црните само две минути подоцна ја затресоа противничката мрежа, но голот беше поништен. Во финиот на првиот дел (41.минута) Тиквеш ја удвои предноста преку Лусианињо . И во вториот дел иста слика на теренот. Вардарци се обидуваа да ја наметнат својата игра, а кавадарчани беа оние кои постигнаа гол. Стрелец на третиот погодок за гостите беше Теодор Николовски во 63.минута.
Во првиот денешен натпревар, Скопје со 2-1 го совлада Арсими во дуелот на двете последно пласирани екипи. За Скопје ова беше првата победа во сезоната. Стрелци на головите за Скопје беа Милош Гордиќ (41.минута) и Томче Гроздановски (52), а за Арсими погоди Рамадани (68).
Со оваа победа, вкупно 27 бодови Тиквеш изби на 2.место на табелата колку што има и трето пласираниот тим на Шкендија. Тетовци својот меч од оваа рунда ќе го играат во понеделник, а во Скопје ќе бидат домаќини на Силекс. Лидерот на табелата Струга ТЛ утре гостува во Штоп кај Брегалница.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|



































