Екипата на Ѓорче Петров МРК славеше над Атлетик со 27:25, откако во второто полувреме успеа да ја надомести негативата и да стигне до нов триумф.
Натпреварот започна израмнето, а прва до посериозна предност стигна екипата на Атлетик, која во 17. минута поведе со 8:6. Ѓорче брзо одговори и израмни на 8:8. Во продолжението Атлетик успеваше да ја преземе предноста, но не и да се одлепи резултатски. Сепак, во завршницата на првото полувреме гостинките направија серија од 3:0 и на пауза заминаа со водство од 17:14.
На почетокот од вториот дел Атлетик ја одржуваше предноста, но Ѓорче постепено ја топеше разликата. Во 37. минута домашниот тим израмни на 18:18, а веднаш потоа стигна и до првото водство на натпреварот (19:18). Следуваше период на израмнета игра, по што Ѓорче успеа да се одлепи на 23:19 во 45. минута. Атлетик не се предаваше и во неколку наврати се обиде да се врати во натпреварот, а во 57. минута успеа да израмни на 25:25 и да ја врати неизвесноста. Сепак, Ѓорче Петров покажа поголема смиреност во финишот, постигна два последователни гола и со конечни 27:25 стигна до победата.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Марија Анчева со осум погодоци, додека кај Атлетик се истакна Богојеска со 11 гола.
Ивона Кимовска


































