Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ски нема многу време за одмор. Откако ја аеродромци пред три дена гостуваа во Германија, во дуелот ФИБА Еврокупот, денеска играат нов меч.
Сино-белите од аеродром попладнево гостуваат во црна гора екипата на Сутјеска во својот прв натпревар од регионалната АБА-2 лига.
Тренерот Васко Атанасов истакна дека тимот влезе во серија тешки натпревари и втор гостински меч за само неколку дена.
„Тоа нема да ги спречи да го дадат максимумот. Против себе имаат квалитетен ривал кој долго игра на регионалната сцена и ќе сака да победи пред своите навивачи. На нас е да одиграме според планот, да ги искористиме послабите страни на противникот и на крајот да се радуваме“, додаде стратегот на македонскиот шампион.
Натпреварот што ќе се игра во Спортскиот центар во Никшиќ, ќе почне од 13 часот.
Ова е натпревар од „Ц“ група во која се и екипите на Триглав Крањ и Слобода Ужице. Пласман во втората фаза ќе обезбедат само двете најдобри екипи од секоја од четирите групи.






























