Екипата на Рома славеше со убедливи 3:0 на својот „Олимпико“ во Рим над Удинезе во дуелот од 30.коло на италијанската Серија А.
Рома дојде во водство со голот на Едоардо Бове, кој ја претвори во гол одбиената топка од стативата по промашениот пенал на Диего Кристанте во 37-та минута.
По фантастична топка од Белоти, Пелегрини го совлада голманот на Удинезе, со што избраниците на Мурињо во 55-та минута поведоа со 2:0. Удинезе имаше шанса да намали на 2:1, но капитенот Роберто Переира го промаши вториот досуден пенал на овој натпреварот во 69-та минута.
Конечните 3:0 ги постави Тами Абрахам во првата минута од продолжението (90+1) со прекрасниот удар со глава.
Македонскиот репрезентативец во редовите на Удинезе, Илија Несторовски, доби шанса во 78-та минута од натпреварот, но не придонесе многу во поразот на својот тим.
Рома со 56 бодoви останува на 3-то место, со 3 бода повеќе од Милан и 5 бода помалку од второпласираниот Лацио.