Избраниците на Игор Тудор со убедлива победа од 3-1 над екипата на Троа се врати на втората позиција во Лига 1.
Уште од самиот старт тимот на Марсеј покажа дека е далеку поквалитетен тим и дека се освен три бода ќе биде разочарување. Во втората минута од натпреварот, Алексис Санчез додаде, Витиња ја затресе противничката мрежа за водство од 1-0.
Пред крајот на полувремето, во 41-та минута Турчинот Ундер доби одлична топка од Ронгиер и со мирна реализација донесе предност од 2-0, со која отидоа и на полувреме.
И вториот дел почна во знакот на домаќините кои напаѓаа а сето тоа се исплатеше во 64-тата минута кога Витиња со вториот гол вечерва зголеми на 3-0.
До крајот на натпреварот тимот на Троа со гол во финишот само успеа да го ублажи поразот на 3-1.
Со оваа победа Марсеј го прескокна Ленс и се врати на втората позиција, со осум бода помалку во однос на ПСЖ.