Со натпреварот одигран попладнево во Куманово, каде Башкими ја пречека Струга Трим Лум, комплетирано е 9.коло во Првата фудбалска лига.

На задоволство на домашната публика, Башкими со пресврт славеше победа со 2-1. Иако гостите од Струга први имаа предност, сепак на крајот трите бода останаа во Куманово.

Резултатот беше отворен во 26-тата, а по корнерот изведен од десната страна, нерешителноста на домашната одбрана ја казни Дијако за водство на Струга Т.Л. со 0-1. Сепак, само осум минути подоцна, домаќините израмнија на 1-1, а стрелец на голот беше Никел Ор, фудбалерот од Тринидат и Табаго.

Со тој резултат се замина на пауза меѓу двете полувремиња, а по само шест минути игра во второто (54), домаќините дојдоа до пресврт. За водство на Башкими од 2-1 се погрижи, Германецот, Антонио Мајимона.

За Башкими ова беше само втората победа сезонава, па тимот од Куманово останува претпоследен пред Скопје кој нема ниту еден триумф. Стружани пропуштија шанса за го преземат врвот на табелата, каде остана тетовска Шкендија со три бодови повеќе од Струга Т.Л. и Вардар кој сега е трет.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање