Актуелниот од кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ја забележа и втората победа во новата сезона. 

Гостувањето во Гевгелија аеродромци го совладаа домашниот Кожув со 73-81. Иако домаќините ја добија првата четвртина 26-18, сепак во втората, сино-белите тоа го надополнија, па на пауза заминаа со поен  предност  42-43. 

Во вториот дел актуелниот првак рутински ја зголемуваше предноста, а најголемата изнесуваше +14 (63-77).  тука веќе беше јасно дека кожув немам сили за изненадување во дуелот против фаворитот.

Андреј Маслинко одигра фантастичен натпревар го заврши со 19 поени осум скокови, 19 поени впиша и Николиќ кај победникот. Четворица кошаркари кај Кожув имаат двоцифрен број на поени, а најмногу Најџел Баранс 16. 

Ова е единствената победа на гостинските екипи на четирите одиграни натпревари од второто коло во Супер лигата, во кои утре играат Струмица и Пелистер.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа О П И кош +/- Б