Со денешниот натпревар што ќе се игра во Битола ќе стартува – 6то коло во машката ракометна Супер лига. Во него вицепрвакот Еурофарм Пелистер за противник ќе го има составот на Куманово.
Пелистерци во овој натпревар влегуваат потешкото гостување во Полска кај Вибжеше во Европската лига. Токму следниот предизвик на европската сцена, гостувањето во Германија кај Гумерсбах е и причината за порано одигрување на овој натпревар. Пелистерци веќе во вторник ќе го играат споменатиот меч со германскиот тим на гостински терен. Денешниот дуел меѓу Еурофарм Пелистер и Куманово што ќе си игра во салата „Боро Чурлевски“ ќе почне од 17.30 часот.
Натпревари на програмата се утре, а дербито ќе го играат Охрид и Алкалоид.
Распоред
Се вчитуваат резултатите…
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|



























