Во трката за пласман во Лигата на шампионите следната сезона се враќа и Монако, кој во дуелот од 31-то коло од француската Лига 1, со лесен триумф од 3:1 ја совлада екипата на Лориен.
Целосна иницијатива на натпреварот покажа екипата на Филип Клеман, кои рутински го совладаа немоќниот Лориен.
И покрај неколкуте стопроцентни прилики за Монако, првото полувреме со головите на Крепин Диата (14-та минута) и Александар Головин (27-та минута) заврши само со 2:0.
Играта во второто полувреме остана иста како и пред паузата. Во 55-та минута повторно профункционира „убиственото“ напаѓачко трио на Монако, Головин, Бен Једер, Фоланд и со прекрасниот гол на Фоланд, ја зголемија предноста на 3:0. До крајот на натпреварот Лориен успеа само да го ублажи поразот со голот на Иконе во 86-та минута од пенал.
Со оваа победа Монако се зацврсти на 4-то место со идентични бодови (61) како и трето пласираниот Марсеј, кој вечерва го игра натпреварот од ова коло против Троја, а двата тима имаат само два бода помалку од Ленс кој вчера беше надигран од ПСЖ во дербито на колото.
Марио Петровски