Екипите на работнички и кожув со победи ја започнаа новата сезона во машката кошаркарска Супер лига.
Та тима се радуваа на гостински терен во премиерното кол.
На дуелот во Струмица кај истоимената домашна екипа, која е повратник во Супер лигата, кошаркарите на Работнички славеа со 85-92.
Целата работа гостите од скопскиот Градски парк ја завршија во првото полувреме во кое создадоа 23 поени предности.
Репрезентативецот Виктор Ефремовски со 29 поени, заедно со Рикиќ оствари дабл-дабл со 20 поени 11 скокови, творци на оваа победа Работнички.
Минатогодишниот вицепрвак Маџари сега под ново име КК Скопје, стартуваше со пораз. На натпреварот одигран во СЦ „Јане Сандански“, тимот на Скопје загуби од гевгелиски Кожув со 95-101. Како домашниот состав ја доби првата четвртина редните три му припаднаа на кожув. Ланскиот тренер на скопската екипа Мишо Тодоровиќ, сега како предводник на гевгеличани, го надмудри екс-македонскиот селектор Марјан Илиевски.
Прв стрелец во победничката екипа беше Бојчев со 24 поени, еден повеќе од Армстронг (23) кој додаде и 10 скокови .
Последниот натпревар од воведното коло во новата сезона е во тек а се игра во Битола. Пелистер е домаќин на ТФТ.
Распоред
Табела
| # | Екипа | О | П | И | кош +/- | Б |
|---|


































