Кога не оди не оди. Ама барем нешто да се менува, па и кога ќе се смени и тоа не оди на арно.
Македонската фудбалска репрезентација продолжува со неславниот рекорд. Веќе седми (7) натпревар во низа и тоа под водство на новиот селектор Седлоски, Македонија е без постигнат гол. А, Седлоски пред секој нов натпревар верува дека „нападчите“ ќе проработат. Ама, никако тоа да се случил.
Менува или менува, експериментира, селекторот, и пак ништо. Постот трае и трае, а тешко е да се поверува дека нешто ќе се смени и во наредниот во кој и гостуваме на Швајцарија.
На синоќешниот со Шкотска во еден миг на теренот се појави и „Мурџо“.
Со надеж дека можеби и тој ќе ги под разбуди македонските фудбалери, па дури и желба, па кога неможат тие, можеби тој може да постигне гол.






























