Екипата на Колумбус Кру оствари драматична победа од 2:1 над Интер Мајами со погодок во деветтата минута од судиското надополнување.
Иако Лионел Меси постигна спектакуларен гол од слободен удар, неговиот тим не успеа да го избегне поразот на ова гостување. Домаќините први поведоа преку прецизниот удар од белата точка на поранешниот МЛС рекордер Џозеф Мартинез во 28. минута од натпреварот.
Радоста на Колумбус траеше кратко бидејќи аргентинскиот виртуоз набрзо израмни со мајсторски изведен прекин, испраќајќи ја топката под самата пречка.
Во судиското дополнение (90+6), гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Сантијаго Моралес поради заработен црвен картон. Само три минути подоцна (90+9) Џамал Тиаре го искористи тоа и му донесе победа и славје на својот тим.
За тимот од Флорида ова беше петтиот натпревар во низа во МСЛ лигата без победа, но останува на 3.место на табелата на истокот.
































