Македонецот Милан Илоски продолжува со импресивните настапи во фудбалскиот шампионат на САД, односно МЛС лигата.

Илиоски со својот втор хет-трик оваа сезона ја предводеше Филаделфија Јунион до убедлива победа од 4-2 над Орландо Сити. Македонецот уште еднаш ја потврди одличната форма откако првиот хет-трик го освтари во дуелот против Интер Мајами со Лионел Меси.

Илоски го отвори резултатот со прецизен удар од белата точка во единаесеттата минута. Осум минути подоцна, тој успешно реализираше брз контранапад за зголемување на предноста. Василев постигна гол на самиот почеток од второто полувреме за уште посигурно водство. Илоски го комплетираше својот хет-трик во педесет и првата минута со прекрасен удар од далечина.

Гостите од Орландо Сити успеаја само да го ублажат самата завршница преку Ангуло и Охеда.

Со овој триумф, Филаделфија продолжува со сигурни чекори кон обезбедување одлична позиција за плејофот. Филаделфија сега има шест последователни победи, а тимот е непоразен на дванаесет натпревари по ред по неодамнешната пауза за Светското првенство.

Инаку селекторот на Македонија, Гоце Седлоски неодамна запрашан за Илиоски, одговори дека тој „одбил“ да настапи за Македонија поради клупски обврски.

Седлоски во таа прилика изјави дека „никого нема да моли да игра за Македонија“!?

Како Македонија игра на последните пет натпревари, не само што треба туку и мора да го моли Илиоски да го облече црвено-жолтиот дрес.