Од денеска до сабота во Охрид ќе се одржи и новото издание на меѓународниот ракометен турнир “Трофеј Македонија“.
Четири женски репрезентации, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора ќе одиграат 6 интересни натпревари во спортскиот центар „Билјанини извори.“
Денешната програма од 16 часот ја отвораат Црна Гора и Хрватска. Македонската репрезентација која воедно и бранител на трофејот од лани за прв противник ќе има репрезентацијата на Србија. Овој натпревар ќе се игра во терминот од 18 часот.
Тоа воедно ќе биде и деби новиот селектор Црногорецот, Игор Марковиќ кој во иднина ќе ја предводи македонската женска ракометна репрезентација.
„„Чест ми што сум овде. Со ракометарките заедно сме само неколку дена и полека се запознаваме. Имаме 20 ракометарки на списокот, верувам дека сите ќе добијат шанса, да покажат што знаат и умеат бидејќи различно е, сакам да видам како реагираат на тренинг, како на натпревар. После тоа ќе имам појасна слика, можеби за октомври ќе повикам и нови ракометарки што би биле во комбинација за ЕП “, изјави новиот македонски селектор.

Во склоп на овој меѓународен турнир ќе се одржи и првиот женски ракометен форум на кој 5 легенди ќе ги искажат своите искуства.
Влезот во салата за сите натпревари е слободен.

































