Фудбалерите на Брегалница ја прекинаа низата од натпревари без победа.
Тие вечера пред домашните симпатизери во Штип го совладаа составот на Скопје со 1-0, во последниот натпревар од 8.коло во Првата лига.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Иван Глигоров во 72-та минута.
За штипјани ова е третата победа сезонава со која се искачија на шестото место на табелата. Брегалница сега има 19 бодови, еден повеќе од силекс, а 2 од Арсими. Скопје останува единствениот тим по осумте одиграни кола без триумф. Тимот од Автокоманда со три бодови и е посен на табелата, а има еден помалку од Башкими.
Во прволигашката конкуренција следува репрезентативната пауза, а следното 9 коло ќе се игра дури на 9 октомври.
Распоред
Се вчитуваат резултатите…
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање




































