Пласманот на Милан во Лигата на шампионите следната сезона на „стаклени нозе“ по „киксот“ против Болоња со 1:1.
Никола Сансон, по само 32-секунди од почетокот на натпреварот постигна погодок и ја доведе во водство екипата на Болоња од 1:0.
Во продолжението Милан со голем притисок кон противничкиот гол и одличната контрола на топка во средината на теренот, успеа да создаде неколку прилики за гол. Во 40-та минута со „бомба“ надвор од шеснаесетникот на Томазо Победа, „росонерите“ го израмнија резултатот на 1:1, по што следеше и полувремето.
Иницијативата на Милан продолжи и во второто полувреме во кое со крајни напори се трудеа да дојдат до победа. Измените во составот на Стефано Пиоли донесоа уште подобра игра на гостите од Милано, но резултатот остана непроменет.
Со само еден освоен бод и вкупно 53, Милан им дава шанса на конкурентите во трката за позициите што водат во Лигата на шампионите.
Рома е втора исто така со 53 бодови, но и натпревар помалку исто како и 4-то и 5-то пласираните Интер и Аталанта кои заостануваат два, односно пет бодови зад Милан.
Марио Петровски