Втор ден натпревар на Европско одбојкарско првенство во машка конкуренција што се одржува во Италија, Финска, Бугарија и Романија .
На шампионатот четврти пат во низа настапува и македонската репрезентација, која вчера го одигра својот прв меч. Нашите одбојкари на отворањето на првенството загубија со 3-0 од светскиот вицепрвак Бугарија во натпреварот од софиската „Б“ група
Иако резултатски гледано во сетови поразот е максимален, сепак избраниците на селекторот Јошко Миленковски одиграа исклучително квалитетно против еден од главните фаворити за највисок пласман. Таквата игра дополнително ја зголеми самодовербата во редовите на црвено-жолтиот табор.
Следен предизвик за македонските одбојкари, веќе утре, ќе биде уште еден силен противник селекцијата на Украина, против која ќе играме во терминот од 15 часот.
Потсетување дека противници на Македонија во „Б“ групата се и актуелното европски првак Полска, Израел и Португалија.




































